статус (имн.) - кој (зам.)

И не е тоа поради статусот кој ми се промени од нечија во ничија, да речам слободна, ниту, пак, затоа што пропорциите на телото ми се „боли глава“, ами затоа што сега сум една обична распуштеница која може, ете, да биде сечија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Митската димензија на овој Декартов (мета) принцип е во универзалниот повластен статус кој му е доделен на COGITO и човекот, како врв на светската архитектоника, господар над природата и можноста за само-легитимирање.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На дневен ред се расправа ребалансот на буџетот, а ја залегнат у дубоката кожна фотелја кликам на новите статуси кои ми пристигаа на фејсбук од државниот лаптоп.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)