статус (имн.) - невработен (прид.)

Понатаму, со промените од 2004 година експлицитно е посочено дека не може да го ужива статусот невработено лице она лице кое е ра- ботно ангажирано или врши дејност спротивно на закон, а покрај тоа настана промена и околу можноста земјоделците да можат да се водат како невработени лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, согласно претходно спомнатото пропишување дека занимавањето со земјоделска дејност целосно е инкомпатибилно со статусот невработено лице, отпочнувањето со вршење земјоделска дејност, без разлика на остварениот приход, од 2004 година повлекува престанок на водење евиденција за невработеност (чл. 10, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Измените и дополнувањата на ЗВОСН од 1997 година Критериуми за стекнување статус невработено лице и евиденција на невработените лица Критериумите за стекнување статус невработено лице беа менувани двапати преку измените и дополнувањата на ЗВОСН од 1997 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Целосно се укинати правата како паричната помош и надоместокот на трошоците за превоз и исхрана за време на стручно оспособување или преквалификација, а статусот невработено лице и правата кои можат да се остваруваат во случај на невработеност им се ускратени на лицата кои го имаат прекинато работниот однос по своја волја и на една цела категорија граѓани – земјоделците, односно вршителите на земјоделска, сточарска или друга дејност, без разлика на нивото на приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)