стварност (имн.) - во (предл.)

Од Фихтеовите Говори кон германската нација до славењето на секојдневната национална стварност во делата на импресионистите, од музиката на Сметана и Дворжак до расправите за еврејска држава на Теодор Херцл, вклучувајќи ги тука секако и делата на националистите на Третиот свет 14 okno.mk како Франц Фанон, можно е да се помисли на многубројните „пробиви” на нацијата во литературата, музиката, сликарството и новинарството.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа состојба на измената стварност во никој случај не треба да се посматра како чудо, зашто чудото е отаде стварноста и вистинитоста.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таквите примери сведочат за преобразбата на стварноста во една виша вистинитост, и ја оправдуваат демијуршката улога на поетот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сликата е претставување или преведување на определена стварност во зборови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И вака несетено поминуваше во една друга стварност во која сознанието им отстапуваше место на бладањата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Медиите се одредена околина во која учествуваш, а медиската околина е пространа како космосот и ги содржи сите можни култури, не само стварноста во која моментно се наоѓаш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Развлеченото искуство на еротската немаштија што нужно и болно го доживуваат сите геј-мажи што растат во стрејт-општество го претвора обичното остварување на обичната хомосексуална желба во некаква недостижна фантазија – каква што честопати останува дури и кога, понатаму во животот, паланчанчето ќе се пресели во некое геј-градиште каде што сексуалното остварување на неговите претходни еротски сонувалства на крајот излегува детска играчка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто задоцнетиот пристап до сексуалните предмети, без разлика колку се многубројни и гламурозни, тешко можат да го премостат долготрајниот јаз помеѓу мечтата и стварноста во потребата за еротско задоволство. (А тоа е причината поради која недобројните можности за сексуално задоволство и љубов што ни ги нуди геј-ослободувањето не довеле до изумирање на порнографската индустрија, туку до нејзина хипертрофична експанзија.) Штом самата можност да го „добиеш она што го сакаш“ ќе се препушти на доменот на мечтата, еротската исполнетост неминовно добива хиперболични размери, излегува од кругот на остварливото и станува нераскинливо сврзана со невозможниот занес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И, нејсе, „стварноста во театар... никогаш не е буквална“, вели Даниелс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, поимот „геј“ ми ја идентификува сексуалноста без да упатува на нејзината стварност во живеењето и без да се задржува на моите сексуални чувства, мечти и практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа постои Уметноста, како нешто возвишено, Таа е материјал што кармичните ритуалци го обликуваат и со тоа создаваат паралелна стварност во која сѓ почесто претстојуваме отколку во оној како-ли- изгледаше-тој Вистинскиот свет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За да има фантастика во книжевноста неопходни се четири услови: да се премине од стварноста во некој сон да се патува во време да постои приказна во приказната да се има двојник или неизвесен идентитет.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
О, бесрамна нека ми биде беседата нека биде вечен нескладот меѓу изгледот и суштината постојат волшебни приказни во коишто сѐ е налик на стварноста во коишто нема ништо што би можела да го објаснам ладнокрвно и рамнодушно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)