стебленце (имн.) - во (предл.)

Средата ли, четвртокот ли, одново се разденивме како во пекол градината во дворот тажна, стебленцата во неа јадни, Татко ми го снема, како да исчезна во времето, и некаде по некој ден гледаме: водата ги раскопала гробиштата и жолтите коски на мртовците пливаат по улиците и ни мавтаат на сите: ајдете, велат, што чекате?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Па и на Влатко, така оддалеку сите дрвца му се гледаа исти ама тој имаше силна желба да ги види, па затоа и ги виде: седум бели исправени стебленца во далечината, заробени во калливата почва што тешко базди...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)