стебло (имн.) - бев (гл.)

ДОВИКУВАЊА Ги исековме стеблата, рекоа, и навистина: стеблата беа исечени но нивните долги сенки уште се распознаваа!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Метонимија На Иванка Со години и години и откако го сосекоа до корен стеблото во дворот секое утро тука долетуваше птица и застануваше во воздухот кружејќи точно на местото каде што во круната на некогашното стебло беше свиено нејзиното гнездо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ах, таа волшебна птица на радоста која на животот му се свети - живеејќи го!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тополите не испуштаа ни глас ни тупот, туку стоеја сѐ така исправено, иако во дното на стеблото беа пресечени, како со невидлива пила, со нечујна секира.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)