стебло (имн.) - почне (гл.)

Се сеќавам јас на таа птица не поради тоа што на нејзиниот воден пат со недели лебдејќи во небесата не го допре со крилја морето – туку поради откликот на стеблото: кога се покажа птицата стеблото почна да се искачува кон неа, ги рашири крошните, ги отвори како древна книга спред која ниедна трага не исчезнува и залудно не е ничие исчезнување.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ја остави шумата дури кога забележа како меѓу стеблата почнаа да се зафаќаат зеленикавите квечерини.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)