стил (имн.) - кој (зам.)

Во таа смисла, францускиот поет и сликар Анри Мишо (Henri Michaux) за психоделичните доживувања го кажува следново: “како да го опишам# Очигледно многу тешко, бидејќи, за да бидам способен за тоа, би морал да поседувам питорескен стил кој јас едноставно го немам, исткаен од изненадувања, бесмисла, изненадни блесоци, удари и противудари, лизгање и лакрдија”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во оние дуќанчиња, кои се како бисери изнаредени покрај каналите, на големиот градски плоштад, кој е изнареден со најстарите зданија во стилови кои ги носело времето низ столетија, се белеат тантелите, така што тие го белеат и сиот град...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Следната нова мода - Ностал­гија - се појави дури во август, заедно со Бони и Клајд.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пролетта 67. сè уште беше во знак на оној мод-мини-лудо-шешир­ џиски стил кој започна 64. и не можеше да биде поубаво.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А секое сериозно објаснување на визуелниот стил на филмот ќе мора да ги опфати и сите профилмски елементи, како што се сценографијата, осветлувањето, севкупниот изглед и, особено, облеката на глумиците: костимографијата и модниот систем што ѝ е во основа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И токму таа претераност го издвојува стилот на филмот, го прави толку впечатлив и толку привлечен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе мора да ја опфатиме и музиката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите тие елементи се дел од стилот на Милдред Пирс; заедно тие успеваат да му вдахнат на филмот сопствен особен стил кој изгледа совршен, а, сепак, и некако екстравагантен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Натаму, можеме да воочиме еден процес во градењето на чинговиот стил кој се остварува врз еден евидентен принцип.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)