стомак (имн.) - повторно (прил.)

Како што матната вода течеше и се впиваше сѐ подлабоко и подлабоко во теписонот, тетка ми панично притискаше со одзатнувалката во шолјата и наизменично викаше „аааах!“ и „ииии“, земајќи и испуштајќи воздух.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А и никогаш не сум имала амбиции да се натпреварувам за најчиста домаќинка во градот! - рече тетка Марија и се насмевна гласно, при што стомакот повторно ѝ се затресе горе-долу, нежно допирајќи се од чинијата пред неа, која заѕвечка во ритам со нејзиното смеење.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)