стотица (имн.) - година (имн.)

И во тоа општо стврднување на позициите, што настапи околу 1930-тата, некои постапки што беа одамна напуштени, во одделни случаи и пред стотици години - како затворањето без судење, употребата на воените заробеници како робови, јавните егзекуции, тортурата заради изнудување признанија, употребата на заложници и депортациите на цели народи - не само што станаа повторно вообичаени, туку беа толерирани, па дури и бранети од луѓе кои мислеа за себе дека се просветени и напредни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Париз претставува своевидно доживување да се посетат неговите цркви, кои се стари стотици години и затоа секоја од нив е споменик, колку значаен за историјата толку и за уметноста, зашто навистина секоја од нив има своевидни знаменитости.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Што ако сум жив стотици години, се провлекувам низ легенд, а не знам за тоа?!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Со стотици години тие зборови патувале од еден јазик во друг, одржувале јазично братство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И затоа, според Татко, таквите личности се појавуваат на стотици години кога народот ги повикува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Океј, можеби сметам дека Америка е новата Римска Империја... но кога паднал Рим, уследиле стотици години на Мрачниот среден век - а тоа е нешто што јас не би сакал да го доживеам!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Напролет, на годишнината од смртта на првиот од дружината, додека жените ги орале здружените ниви на секоја глава во Кукулино да ѝ припадне по толку жито или пченка колку што е доволно да се одржи голиот живот, преостанатите мажи навртеле планински поток кон земјиштето на еден од неколкуте манастири во тој крај и под големоглава сенка на кубе од пред неколку стотици години почнале да ѕидаат воденица, сега една и заедничка за сите во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го завлекле по зандани, кон мачилиштето на прочуениот пекол Беаз-Куле или кон арапски пустини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почитателите на поповото враќање во минатото се сомневале дека така едноставно се умира без куршум и без тресок на железна круша со мал вулкан во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не сонувале, меѓутоа Доситеј Давидовски тоа негде го прочитал, пред многу стотици години таа болест со еден замав покосила половина жители на Европа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се чувствувам разнишан од бранови стари стотици години.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко ми ги помина поседните десет години од неговиот живот во еден психо­гери­ јатриски оддел.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во северниот дел на Русија под заштита се 70 милиони хектари прастара шума, со стебла повеќе од стотици години.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Стотици години биле вкоренети во Прилеп, град во централна Македонија, во Румелија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Семејството било старо, дојдено пред стотици години, од едно гратче крај брегот на Јонското Море.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)