стотица (имн.) - тело (имн.)

Напротив, кога престана самиот да свири и наместо тоа почна да пушта музика, често му се случуваше да стои зад диџејскиот пулт и речиси несвесно да менува една по друга песна (исто како што сега ги менуваше во главата), додека околу него, пред него, зад него стотици тела танцуваа, рефлекторите кружеа по кренатите раце, тие пееја наглас, врескаа со ентузијазам на оние песни што им се допаѓаа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Цела ноќ лежев будна мислејќи на живите мравки во утробата на апаратот, па кога в зори конечно заспав, се најдов себеси во страшниот тунел на цевката- смукалка каде што пред себе ги слушнав: стотици тела што шушкаат во гнасотијата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)