страна (имн.) - доаѓа (гл.)

Времето, нормално, малку се помрдна. 18:42:15.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Стрелката молкум откружи два пати. 18 и 39, а јас сè уште зјапав во бројките, кога чув – од левата страна доаѓа Зоре, келнерката, претпоставувам со вообичаената полунасмевка, која нормално, очекуваше некоја од моите заебани досетки од типот „Што пренесува камионот ладилник низ пустина? – Двојка Ескими на свадбен пат“ или „Зошто една русокоса се смрзнала пред компјутерот? – Заборавила како се затвора Windows“ (Зоре, инаку, беше бринетка).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој, имено, не ја трпи пасивноста, без разлика од која страна доаѓа таа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Лентен, Лентен! - од сите страни доаѓаше весела плискотница, еден врз друг, преку ред, кој попрв да му ја стисне раката.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од спротивната страна доаѓаат мерцедеси и ме разминуваат мерцедеси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
-(3) Што се однесува до класичните уметности, нивниот развој доведе до диспаратна ситуација: од една страна, до појави во кои бојата, формата итн. станаа самостојни носители на смислата, шифри; од друга страна доаѓа до распродажба на наследените форми и содржини.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)