страна (имн.) - натисне (гл.)

Штом ќе се измине оваа делница, се спушташ по рамен пат од една страна натиснат од планински венци, а од друга страна раскрилен кон рамни полиња и огромните водени површини на езерата Лагадиско и Волви, кои се протегаат со десетици километри од Аг. Василиос, па сѐ таму до Рендина, од каде нема ни чекор до морскиот брег, затскриен од ридја, обраснати со бор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)