страна (имн.) - и (сврз.)

Имено, ако тужениот – до заклучувањето на главната расправа – го признае тужбеното барање, судот – без натамошно расправање, ќе донесе пресуда со која го усвојува барањето на тужителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот, во случај да најде дека се работи за барање со кое странките не можат да располагаат – нема да донесе ваква пресуда, иако се исполнети останатите потребни услови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако работодавачот и работникот се согласат со арбитражно решавање на работниот спор, одлуката на арбитражата е конечна и задолжителна за двете страни и против неа не е допуштен спор пред надлежниот суд (чл. 183, ст.3-4 од ЗРО). Lex specialis за проблематиката на т.н. вонсудско расправање спорови со работна тематика, како што видовме на почетокот на книгава, е Законот за мирно решавање на работните спорови (2007) кој започна да се применува од почетокот на 2008 година, но сѐ уште не наиде на добар одѕив во праксата. 247
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Копа бунари и прави водоводи, викале, за да има повеќе луѓе на своја страна и за да стане крвник, како Никола.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некои стари пизми на оние од оваа страна и оние од онаа страна на реката се замешаа со нови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Моето внимание, иако пак по повод тој бунар, беше сега свртено на друга страна и ми обезбедуваше, ако може така да се рече, еден друг вид неспокојство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А потоа, доаѓаат оние интриги од нивна страна и, зачуденоста и бесот, од моја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наивната прикаска за групичка расипани узурпатори на една страна и слободарските народни маси заробени во оковите на тиранијата на друга, веќе не е ни за детски уши.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
По ручекот за час ќе се изделеа две противнички страни и играта почнуваше, за да заврши често дури предвечер.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Националните елементи, според неговите опсервации, не биле вклучени во борба „се држат по страна и чекаат“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во животот неколкупати сум играл шах и сум бил искористуван пион, но во последно време решив да бидам само набљудувач од страна и воајерски да посматрам. Така се осеќам послободно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
ВАЈ! - „Вај!“, му се жалел Анжеј Вајда на некој вајар: „не знам да јавам!“ „Е па, тогаш никакво фајде од тебе!“, му рекол вајарот на А. Вајда. (Оскар Вајлд си седел на страна и се смеел)
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ја сврти светилката на страна и видов тенки жици поврзани за карики, кабли кои одеа до работ и исчезнуваа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Срцето те влече на една страна и ти вика соѕидај ја душата, мајсторе!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веќе по втората страница, ја оставив книгата на наткасната, ја изгасив сијалицата, се завртев на десната страна и со левата рака долж слабините и левата под десниот образ, се почувствував удобно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во случај на некоја општа закана по населбата во Потковицата, мобилизација, реквизиција на стока, на волна, или на житото, при пожар или поплава, сите тие наеднаш вивнуваа, ги потпалуваше селскиот протуѓер.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, тие години, гледајќи го расфрлан на сите страни и неприбран дома, не со злорадост туку со жал за него, некои пуштија глас дека од што се вдал по одобрението, Максим се померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму, на Зедница, на сртот нејзин, за да можеа да бидат видени од сите страни и оддалеку, поредени во долга низа и кренати на драгови стрчеа десетина вивки од `рженица, натопени во смола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А утринава кога станав што ќе видам, потемнето од сите страни и си мошори.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Логотетот потстана, нѐ изгледа од сите страни и потем рече: „Господе! Каде бевте сето ова време?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Според Ѓорче, таа постапка била принципиелно неправилна, зашто на некаков начин изгледало дека Комитетот тука (во Софија - б.м.) се грижи да задоволува одделни амбициозни групи, отцепници, да ги придобива на своја страна и да ги вовлекува во Внатрешната организација како надворешен елемент...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
125. Не случајно Мисирков зема тројца од Охрид што се свртеле на три различни страни и се ставиле во услуга на трите националистички пропаганди за завојување на татковината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Човекот навистина се занел на една страна и се фатил со обете раце за стомакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А вие, ако немате ракија, кажете. Имам јас и поголеми побратими од вас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И Никола Влашки клекнал напати вртејќи се на оваа или онаа страна и внимавајќи да не пропушти ни најбезначајно движење на луѓето, ниеден нивни збор без кој ќе е начната целосната слика на нивната судбина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нешто малку подоцна, се отвора вратата од спротивната страна и во собата влегува Младичот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Првиот веќе беше под прозорецот. Тој се нафрли врз убиениот. И уште веднаш врз него наскокаа пак сите други, истрчувајќи ветерничаво од сите страни и вплетувајќи се во уште побесно клопче, од кое снегот прштеше наоколу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука скраја, приближени од сите страни и настасани, беа сега и сите други волци од таа ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Полека почнуваше да ги сонува како наизлегуваат од некоја страна и како се нанижуваат по рабовите на високите сртови, оние познати врвици дивокози, една од оние нивни низи, што го пречекуваат сонцето во една таква синџиреста прошетка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега се извиши по снегот, удирајќи само со една задна нога по празнината над себе, еден докрај совладан волк, пронижан од двете страни и бессилен за сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А поминатата ноќ можеше да биде само онаа нишка, околу која, како во процесот на кристализирањето, се собираше сѐ за тие луѓе, кои тој сега ги гледаше од сите страни и во сите времиња и сега веќе горчливо си се потсмеваше себе си, кога ќе помислеше на својата самота, онака папсан од смеењето и испразнет од неговата експлозија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ветерот зафати уште посилно да му налетува од сите страни и да го турка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но наеднаш сонот му се зби. Му се затресе куќата како земјотрес да му ја сниша, како вулкан да избувна под неа или како да го накрена некој езерото на една страна и сета вода му се истури на куќата со силен тресок.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И, гледам: влечки, ’ко во турска серија свртени кон мене, стапалки од шарена хартија, кои ми го покажуваат патот до дневната, до масичката, а на неа, бидермаер од булка и ѕвончиња во чаша за ракија, компјутер со отворен ФБ на мојата страна и чај од нане! Цел свет е мој!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Старчето ја накривуваше главата на птичји начин, ту на една ту на друга страна и прашуваше грлено и смешно изговарајќи го „р“ -то.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во последниот дел од вечерта како модели за најсвечени пригоди беа прикажани и тесни црни или темно лилави фустани кои многу јасно ја истакнуваат женската фигура, горе затворени со набор од копченца од страна, со косата собрана во завиткани локни на секоја страна и високо дигнат тесен шешир со две,три или четири машнички од страна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Светлината се лизгаше од левата на десната страна и пак се враќаше назад во согласност со ритамот на звукот што го произведуваше некаков спој на неонката над мене и ја распаруваше тишината удирајќи ме во темето со тежина на олово.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Џипот мина крај густежот и по неколку метри сврте на левата страна и влезе во еден широко отворен хангар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сѐ уште го притискаа цврсто за креветот, но сега можеше да мрда по малку со колениците и можеше да ја заврти главата на едната и на другата страна и да ги крева рацете од лактовите надолу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Масичето, можеби пониско од нормалното и подизлупено, изгледаше тукуречи кокетно со малата ткаена крпа под ибричето со цвеќе, со Библијата, мојата машина за пишување и кошничката со испишани изводи од десната страна и рамчето со слика од Стефана, на левата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потоа, Симон качен на коњот, а јас по него, врвевме по тесна патека со расцутено бозје од обете страни и со темно-модри жужели на белиот цут.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Треба да се прави разлика помеѓу она што Теоремата го тврди од една страна и нејзиниот доказ од друга.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Стрина Маловица се понамршти и кога виде манџи со расол, со јајца, па кога Доста ѝ рече оти и лимун ќе ѝ нацеди на супата, просто го искриви вратот на страна и се насмеа „подмустаќ“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, ќе и погрчиме ниа села, макар до еден да падниме! — се фалеше бившиот војвода и другар на Ѓуровчето; Стојко Цицо од Бешишта, којшто за педесетсто лири се префрли од „бугарска" на грчка страна и од војвода стана капиданис Цицос.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој како идеше, ги фрлаше дрвата на кармата, се тргаше на страна и мирно застануваше, чекајќи го интересниот настан. Така објави телалот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се свртува на другата страна и писнува па од нејзиниот вресок неколку глави се креваат над веленцата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А врховна потреба е да се знае дека кајшто има сила нема правдина И уште да се запамети дека е правосилна онаа народната Дека се рече ли кучето бесно е си останува бесно што и да стори отпосле Од друга страна и меѓу самите Словени мнозина знаат Дека и Словените и пансловените не се китки за мирисање И дека особено тешко се ослободуваат од стари соништа
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Учителот ја поттурна чашата со вино, ја остави на страна и рече: - Ај, нека продолжи преставата... нека се доигра...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа е зависна и независна, се „објективизира“ во природата и општеството, по степените од дадените и допрва создаваните појави на природата и општеството, во нивните најразлични, најмногубројни и сѐ повеќе растежни страни и форми.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ќе се качеше во камионот од другата страна и тогаш ќе се одвезеа во големиот град по долгите улици сѐ додека не доаѓаа до местото од каде што отпочнуваа со работа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од источната страна - фабрика за кожи и цигари, од северната убаво широко џаде, од обете страни и парк – само ружи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Луѓето, газејќи ја таа пржелика, трчаат од сите страни и викаат, се довикуваат, се туркаат и паѓаат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само ќе седнеше некаде од страна и го посматраше толку внимателно како да го испитува за да му изрече пресуда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Туку ќе нѐ истркала на една страна и ќе нѐ смеша со војниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од своја страна, бугарскиот министер за надворешни работи одговорил дека со таквата политика САД сакаат само „да ја продолжат војната“, но американскиот претставник одговорил многу јасно, потенцирајќи дека „Америка не можела да си го дозволи поразот на Англија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу другото, тој истакнал дека САД во војната ќе ги поддржуваат Велика Британија и сите држави што ќе застанат на нејзина страна и ќе ги вложат сите воени напори и ќе направат сѐ „Англија да не ја загуби војната“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Другар командир! Итна порака! – ја симна капата, ја распара од страна и му подаде ливче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој јавно велеше: - И кај нас, како и на меѓународен план се спротивставени и судрени две сили: империјализмот и монархофашизмот од едната страна и народната демократија и националната независност, од друга.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гласници, јавнати на коњи, трчаат на сите страни и со вик и камшик, кажуваат и покажуваат на каде да се оди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка сврте глава на спротивната страна и сега виде како отаде трапот - небото почна полека да се разведрува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа толку лесно и брзо подскокнуваше и потрчуваше што брзо тоа стана една игра во која сите ние бевме на една страна и самата таа на другата, против нас.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Комитите и нашите фатиле пусија во грмушките и зад карпите од двете страни и го пуштиле Куцовангелис со своите луѓе да влезе меѓу нив како во клешти. - Ние само ги стегнавме клештите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И нашето тело ненадејно станува лесно, преминува во убав ветер; ненадејно, ние стануваме двојни: надесно, рака - налево, рака; надесно, нога - налево, нога; страни и уши и очи и плеќи не граничат со останатото.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој се покри преку глава, се заврте на другата страна и заспа немирно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И се заврте на другата страна и како веднаш да заспа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се завртев на левата страна и заспав, слушајќи го бесното удирање на ветрот врз ролетните од прозорците.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повлече прво една линија попреку а потоа од двете страни и наредни чаталчиња. Тоа беше фронтот од каде што доаѓаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во спротивниот агол маса со две клупи од страните и стол на чело.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја вртеше дланката на сите страни и не престануваше да се одушевува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Внимателно ја набљудував за да откријам дали е сосема искрена, или по малку и се преправа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)