страна (имн.) - и (чест.)

Веќе го беа пресекле и од едната страна и од другата каменитиот и стрмен брег, кога снемаа пари.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бездушно заигра црниот оган по стеблата, по гранките, го зафати покривот од сите страни и како се скаменија децата од ужасот така се чу она темно, она грозно крцкање на гредите како коски човечки да се кршат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ми беше жал за Земанек, за сѐ што му се случи откако заминав; но од друга страна и го мразев, оти поинакво лице покажа по моето заминување.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Требаше да се завртиме од другата страна и да спиеме, ич да не ги заушуваме оние, што виеа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но по неколку дена стигна везировиот човек со останатиот дел на парите и изградбата продолжи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)