страна (имн.) - не (чест.)

Доколку страните не поднесат заеднички предлог се должни да го известат министерството надлежно за работите од областа на трудот, кое во рок од два дена од денот на настанување на спорот или за време на штрајк, по службена должност покренува постапка за помирување и определува помирувач од Регистарот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Вагонот му беше тука некаде, ама од оваа страна не беше одлостена вратата па свртеа од другата страна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од другата страна не те пушта ридот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И додека ни едната, ни другата страна не попушташе, на положаите се зголемуваа војските.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На тој начин постојат стопување и кинење, или, попрво, осцилирање, непрекината размена помеѓу актуалниот објект и неговата виртуална слика: виртуалната слика не престанува да станува актуална, како во огледало коешто ќе дофати лик, ќе го одвлечка во својата бездна и од своја страна не пушта ништо друго освен една виртуалност, на начинот на Дамата од Шангај.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)