стратегија (имн.) - во (предл.)

Дозволи за заминување за Бугарија издавал ГШ на НОВ и ПО на Македонија, но на 17 декември 1944 година Тито испратил телеграма до ГШ на НОВ и ПО на Македонија со која се забранувало издавање дозволи на поединци за одење во Бугарија “поради снабдување и промена на пари“.303 Таквата активност во Македонија пред сé не одела во прилог на веќе изградената Титова стратегија во однос на идното уредување на Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
8 Во друга смисла, „крајот на историјата” може да се користи и како метафора за ситуацијата во која големите земји (пред сѐ на Запад) бараат начин да одредат долгорочна стратегија во однос на процесите на глобализација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Требаше секој од нив да предложи нова стратегија во третирањето на турцизмите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко се залагаше за типологија на турцизмите според области, појави, додека Камилски остануваше на тоа да ја утврдат однапред листата од сто збора и да работат, без оглед на секојдневните изненадувања што ги носеше секој збор и ги водеше кон други зборови и нови области.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас и моите колеги честопати во британските семејства го забележувавме она што Хенри го опишува како стратегија во американските училишта.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Во татковата егзилска стратегија во потрага по спој и спас за семејството во критичните времиња на балканската историја, филозофијата за следењето на патот на водите имаше посебно значење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нејзиниот однос кон историјата беше во функција на спасувањето на својата рожба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога национализмот лесно стануваше војна! Југославија без Титовата стратегија во светот на неврзаните беше симбол со згаснат сјај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа не можеше да ја следи татковата стратегија во однос на балканската книга, не беше уверена дека целта им беше заедничка...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Својата книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите ,ја пишуваше Татко со својот живот, до неговите последни дни, како дел од својата постојана стратегија во својот живот - како да се спаси семејството, децата, во меандрите на непредвидливата балканска историја, како еден вид отворен аманет како и каде да се продолжи неговата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тој како и многумина други арапски водачи веруваа во неврзана Југославија, повеќе отколку што веруваа нејзините жители во неа, во најкритичните години од нејзиното постоење кога нејзините водачи ја почнува пеколната игра на националистичките делби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го наследив неговиот немир кој се чувствуваше во растреперените прелистувани страници, во тајните записи, закопани некаде близу во земјата, како на вистински закоп Чунот кој нѐ спаси таа немирна есенска ноќ, макар што ја мина границата вардена од подводниот змеј, според татковата навигаторска стратегија во животот, не престануваше да броди во имагинарните балкански немирни бранови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Па, следам некои актуелни стратегии во близина”, алудираше Нора и така откривме некои слични идеолошки фрекфенции, трут, матица, ова-она, сто години дремење, Дина-црви што излегуваат да се накркаат па пак доле... и тргна разговорот, од почеток:. 80 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Разговорот го води: Abe Buzoni M Драга госпоѓице Нора, во моментов знам за барем два вредни културни проекти во градов - филмот Маклабас и твоето снимање за ЦД - чијшто буџет е нула.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Потсетувајќи на Фукоовата дефиниција на “Другиот” како човековиот нем близнак, Деридината реторичката стратегија во есејот “Diffѐrance” не само што употребува еден термин што експлицитно упатува на раздвојување и поделба, туку исто така, via неговото нарушување на законите на пишувањето со неговата нечујна грешка, via неговото потсвесно привикување на еден заборавен концептуален модус, користи една “нема” иронија за да креира еден дискурс на графички и теоретски неред под површината на чујниот и реторичкиот конформитет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Артур е зачуден од идејата, така вообичаена во конвенционалната економска теорија, дека секој чинител во економскиот систем доаѓа до апсолутно најдобрата стратегија во дадените околности.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Секоја жаба или мува можат да ја променат стратегијата во обид да ја максимираат својата прилагоденост која може да се определи како шанса дека организмот ќе опстане доволно долго за да се размножи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)