студ (имн.) - во (предл.)

На Кулета и Андона оваа им беше прва работа од ваков вид и затоа на двајцата почнаа да им бијат силно срцата, а вилиците да им се тресат та забите почнаа да им штракаат, небарем замрзнаа од студ во топлата пролетна вечер Толе ги теши со шепот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Црни горо црни сестро и животот црн чмае во место другите девојки фатија спонзор а таа сѐ уште дреме на прозор Се к’ти ноќта и зимата црна студот во коски со кубик дрва да учи во студ, да ѕемне под јорган за упис на факс да продаде орган
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Од овој мирис тој не чувствува болка во грлото, ни студ во собата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само срцето боли. И мислата како сврдел рие во мозокот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ми се стопи студот во градите, коњот се смири, се успокои и крена кроткум кон градот...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одеднаш околу мене застуди, ми се наталожи студ во градите, грутка студена ми легна на срцето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се уплаши и дури и сега јасно се сети на чувството на студ во вените, се уплаши дека толпата ќе го убие, дека со голи раце ќе го раскине на парчиња.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Девојките не дојдоа на свадба, старците чувствуваа студ во колковите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако бидеш работлива, ќе се загрееш, се цери на тоа студот во маглушината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
6. Ме собрал студот во ќелијата, ме залепил ко полжав, ко плуканица на ѕидот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Селаните му го заборавиле зографското мајсторство и без сожалување го гледале како ги влече нозете со мувлосан студ во исчанчените колкови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни со божја помош не можеле веќе стутканите уши да му се доближат до черупката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Птиците умираат невидливи, мислел некој од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тромав од старост и со студ во коските, светлозејтинест и без надеж дека ќе му се спротиви и на помал волк, манастирскиот пес безволно им ги душкал опинците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Студ во коските влегува, барајќи ново лето.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Не се издржува од студ во сопчето на касата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И по многу темно и многу студ во душата се покажа пролет и во трагите што ги оставивме пролетта закопа мирис на посончевина.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Кашлицата го зафати и Илко и му донесе студ в коски, му донесе треска; се тресеше штракајќи со забите; се покриваше со дебели веленца, се собираше в клупче, но никако да се затопли.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)