суварија (имн.) - да (сврз.)

Кога се пронела непроверена вест дека многумина неверници и неколцина незадоволни Турци се отворено со него, беговите побарале од власта да го смири поетот предавник и мулазимот веднаш испратил кај него двајца суварии да го доведат во управата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И ете го пак Џем, ама сега со џандари, со суварии да прават бозгун низ селото..
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)