судбина (имн.) - му (зам.)

Но судбината му одредува друг правец: тој заминува и останува во Цариград, во времето на падот на Отоманската Османската Империја и создавањето на новата Република Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прешироките плеќи веќе не поднесуваа туѓи облеки, ни темножолти ни сини, судбината му ја додели мантијата како втора кожа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таа судбина му ја откри на Глигора бездната во којашто мораше да се струполи, а на старецот му ја покажа непомирливоста на младоста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ до оној ден, веднаш спроти почетокот на Војната, кога Језекил судбината му завиде и на тоа, што му го имаше делено толку скржаво, и посегна со својата неумолива рака и тоа да му го земе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зет ми Профим не знам што тиќе човек беше: гледаше во ѕвездите и им кажуваше на луѓето што ќе се случи, им ги претскажуваше судбините на луѓето и им кажуваше кој им ги определува; викаше и за себе дека судбината му е однапред определена, спрема неговиот зодијак, а всушност, сам тој си го кроеше и загорчуваше животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Над него господарело нешто посилно од разумот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прстот на судбината му покажувал по која врвица да чекори? Можеби. Кој го знаел тоа!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веруваше дека добрата судбина му го дари ова големо пријателство на Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Судбината му се смилува. Се оддалечи од Тирана, за да работи како адвокат во крајезерскиот Поградец.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)