судбина (имн.) - или (сврз.)

Можеш да бегаш каде што ќе помислиш и со кого ќе посакаш, ама од судбината или од пишаното - нема. Затоа народниот гениј рекол: „Од пишаното не се бега“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И повторно судбината или за оние што не веруваат случајноста на моментот, иако во ништо не се разликуваа, ме присети на стихови одамна напишани...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да се постигне процут во духовна и физичка смисла и речиси совршена анатомија на личноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И речиси секогаш сме на расчекор помеѓу тоа да се следи судбината или да креираме сопствена судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Допри ме, земи ме, убиме, на вечна осаменост осудиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да беше јаничарството историска институција, воена, инструмент на освојување, таа така и ќе завршеше, но јаничарството продолжуваше, како аждер со повеќе глави, кој не можел никогаш да биде уништен, ако му била пресечена една глава, на истото место израснувала друга поголема глава, сепак меѓу нив имаше најмногу јаничари по судбина или по нешто друго загадочно и необјасниво за Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А во што веруваше тој? Дали овој негов уморен чекор низ снежната шума е негова судбина или негова слободна волја?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Прикаските како две нишки се плеткаат меѓусебно, од нив или крај нив се протега трета, нема почеток и нема крај, не и се знае предилката со можно име судбина или човечка потреба за измислување. тоа име може да биде и претпоставка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеби некакви застрашувачки и заканувачки фотографии кои ја пророкуваат мојата судбина или пак ме уценуваат?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)