судир (имн.) - помеѓу (предл.)

Во книгата посебно место посвети на судирот помеѓу Римската и Илирската империја, како и на темата на светската и посебно на балканска јаничарија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Судирот помеѓу гемиџиите и Гарванов не избувнал во врска со правото што си го присвоиле Татарчев и Матов да зборуваат и поставуваат барања од името на Револуционерната организација, туку во врска со местото од каде што Декларацијата била испратена до големите сили.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со залезот на сталинизмот од езерската земја, по историскиот судир помеѓу Тито и Сталин, нѐ зајде и неговиот дух.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сепак, Татко го остави да ја заврши мислата: Ние како да заборавивме дека нашата мисија ја започнавме мислејќи на иднината на нашите внуци, а не на минатото на нашите предци, на нивната божем пеколна неслога, причина за неизбежниот судир помеѓу христијанскиот Запад и исламскиот Исток на Балканот и што уште не. Зар не е тоа повик на курбан?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не оти Татко можеше да предвиди дека ќе дојде до жесток судир помеѓу Тито и Сталин, па сталинизмот ќе ја извиши најнепреодната граница во балканската историја помеѓу новата таткова земја Југославија и земјата на братовото останување, родната Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тогаш настанаа и првите оружени судири помеѓу „врховистичките” и „централистичките” чети во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Истата прикажува судир помеѓу сферите на модерната уметност и некомпетентните култур-трегери, то ест оние кои не можат да ја сфатат нејзината улога.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)