судир (имн.) - со (предл.)

Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Организирањето на вечерните училишта за Македонците печалбари, основањето на јадрото од коешто израсна Младата македонска книжовна дружина и остриот судар со бугарските власти на Стамболов, затворањето и потоа бегството во Македонија – зборуваат дека Груев навистина бил „во бројот на сепаратистите”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој имаше силна внатрешна моќ, широка и добра душа, но кревко срце кое лесно доаѓаше во судир со спротивставените властољубиви, кариеристички, бирократски сили.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, посебно запре на Речникот на излитените идеи на крајот на романот Бувар и Пекуше, кои произлегува од автодидактичкиот резон на јунаците на Флобер во судир со науката, со гротескен, хуморен и комичен ефект!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што животописот на Никола Поцо пишуван со раката на извесен учител носи во себе само привид на објективност кој се открива дури кога Башевски ќе воведе и други, наводно историски документи кои го побиваат ракописот, така и другите субјективни раскажувачи во романот, раскажувачи на кои не може да им се верува докрај, се препознаваат и се проѕираат дури во судирот со другите нараторски гласови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Утредента, по едно изгревање и заодување на крвавата месечина со ископани очи и пукната муцка од слеп судир со планинска цуцулка, се видело: меѓу дрвја и камења биле расфрлени неколку стотици крвави птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штрковите и орлите удирале едни на други до самата ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас сум лотка, осудена на судир со непознатото.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
XXVII Следејќи ја палестинската драма, по падот на бургибизмот во Картагина се соочував со сјајот и бедата на источните владетели во судирот со модерните времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поетот пееше: Малку небо ми е доволно за да патувам за да го стигнам мајкиниот сон, небото го носам на плеќи а мојата земја е ваша и дали една книга ќе ми го исполни слободното време во тоа безвреме...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По бурните настани во земјата, по судирот со Сталин и последиците што следуваа, големата изолација на земјата, првин засилениот глад, а потоа незаборавните пакети од Америка, од кои никогаш не го заборавивме месото со шеќер, јајцата и млекото во прав; граничните инциденти и првите жртви со соседните социјалистички земји.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За разлика од татка, којшто за реалниот живот повеќе учеше од одбраните книги, Чанга го откриваше тој живот низ судирите со него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Адвокатот ноќе чита, а дење ги брани луѓето во судир со државата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Поголемите синови ѝ се сронуваа во новите судири со животот, со преостанатиот дел од тежините на егзилот кој им остануваше во наследство, без Татко, што најмногу го докршуваше секогаш силното Мајкино срце, најсилниот жртвен браник на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За нас, децата, Мајка си ја задржа, до крајот на живо­тот, таа ведра насмевка, тој благ израз кој нѐ штитеше, нѐ смируваше во судирите со животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)