супериорност (имн.) - во (предл.)

За било кој поединец- лаик, кој не е контаминиран со било каква правна догма, додека судот не „пресече“, односно не донесе одлука за одредени спорни факти – не постои никакво ‘право’ за таа правна работа и за тоа проблематично прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во друга смисла, „културата” може да се одреди како состојба на интелектуална супериорност во однос на незнаењето на масата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Затоа, маргинализираните пролетери - надничари од сиромашните гета, најчесто, и немаат место во правните судски пресуди, и покрај нивната нумеричка супериорност во стварноста.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ваквата супериорност во потчинувањето на личноста, на творечките ега, се чини, им даваше посебна еластичност...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Според Ламби партизанскиот успех во оваа фаза пред сѐ бил резултат на големата супериорност во оружјето и нивната поголема мобилност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пред носењето на судиската одлука, единственото употребливо ‘право’ е мислењето на правниците [opinio iuris] – а, пак, тоа воопшто не е реално ‘право’, туку само претпоставка или, уште подобро, предвидување за тоа што ќе одлучи конкретниот судија во конкретниот предмет по кој постапува. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)