суштина (имн.) - добар (прид.)

Дури ни Фантастичната петорка не била имуна на безразборност, а само еден поглед во секој каталог за пазарење или за облека за геј-мажи е доволен засекогаш да ја разбие претставата дека геј-мажите нужно имаат во суштина добар вкус.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Сите геј-мажи што ги познавам се ужасни мурдари, а и ти си таков“, му рекла мајка му на писателот и критичар Џон Вир по телефон кога му се јавила за да поразговараат за Настрано окце за стрејт-дечкото и за подвизите на Фантастичната петорка: „Има шанса да ги донесеш да ти го исчистат станот?“ 344
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се разбира, геј-мажите можеби се под притисок од геј-културата да се вклучат и да развијат добар вкус... кога-тогаш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои од тие момци можеби се во стегите на реакциското формирање – жртви на интернализирана хомофобија или на родова паника, кои очајнички си ги потиснуваат и си ги одрекуваат длабоките, внатрешни копнежи по циц, по кадифе или по позлата – но тоа веројатно не важи за сите нив. ‌Моделот на Фелоус, исто така, не ги објаснува ниту естетски неврзаните геј-мажи на кои навистина не им е грижа за историјата, старите куќи, дизајнот или стилот, за чувањето на минатото и за живот во совршен ентериер и чиј вкус е срамотно подложен на чести, страшни испади.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)