табла (имн.) - ги (зам.)

На последниот час, по историја, кога учителот на таблата ги допишуваше имињата на оние што најмногу придонеле за успешната победа, Коле се наведна кон ушето на Танаса, му шепна нешто, а потоа шепотот застружи од еден до друг и, како жужалец стигна до мене: - Никој да не оди дома. Зборно место на крстопатот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За првпат ги среќавам Кид Таломајд и Св.Витус во Поп-Видео Аркада (Попс Видео Arcade) во подземјето на Минеаполис. Ми земаат неколку долари за жетони и играат две-три игри од „Симпсонови“, неколкупати ги притискаат копчињата и на резултантната табла ги добиваат броевите еден и пет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бидејќи нашето стрип-списание Лифт е хибернирано, двете табли ги објавуваме во Маргина ко некакво најелементарно претставување на господинот Hess, околу кој се плетат мистериозни "провинциски приказни".
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)