талкање (имн.) - низ (предл.)

Ова несомнено е еден од најдолгите спорови5 во оваа наша „колекција“ на работни спорови кој, по седумгодишно талкање низ судот и по одржани 14 рочишта за главна расправа, својата разрешница ја доживува дури во ноември 2008-та, а пресудата (донесена од судијката Л.Ивановска) стана правосилна и извршна дури по речиси една година – во септември/октомври 2009.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За разлика од светло-сината боја на неговите очи и белата, речиси проѕирна кожа, тие имаат маслинести очи и боја на испотената кожа и уморни лица исцрпени од неизвесноста, гладот, жедта и четириесетгодишното талкање низ пустината.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Слегов во полето по умори и гори по талкање низ облаци по занеси и призраци пусти стапките топли ги барам на тие далечни зори штом идеа зарудени од шамаците густи.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во 2007 се одржаа само две рочиште, а по промената на судскиот совет, дури во октомври 2008, судот закажа ново рочиште на кое одново ја почна расправата, која заврши „експресно“ веќе следниот месец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А виновник за ова потсмевање како што е познато бев лично јас, дубровчанинот Никола Леко, ми објасни лично спомнатиов Леко кога го сретнав по долгото талкање низ бездната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со тврдите потврди во меките џебови, стариот железничар го почнуваше допрва своето талкање низ градот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа пролет немаше кој да му каже на Алберт Ајнштајн дека кој многу си игра со сончевите зраци предвреме ќе добие катаракта, а Методија Патчев секако знаеше дека секое долго талкање низ мракот завршува со избивање на светлина и дека сончевите зраци понекогаш се потпираат на бастум од илузии.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Така почнуваше денот на стариот железничар Круме, така почну­ваше неговото талкање низ град.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)