татко (имн.) - тогаш (прил.)

Нашиот строг татко тогаш се претвораше во комичар!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Татковците тогаш ги беа собрале и копаа ровови и сечеа дабови, буки и борови и градеа бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татко тогаш ме викна на трпезата, кај нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко тогаш ги удри воловите со прачка, ги потера и тие тргнаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко тогаш ќе биде вратен од Цариград, во времето на падот на Отоманското Османското Царство и создавањето на нова Турција, во која со реформите на новиот творец на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк, ќе биде означен значаен пробив на западните идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да имавме куче и за него ќе донесеше подарок.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)