татковина (имн.) - или (сврз.)

XXI Во свет без илузии и без светлина човек се чувствува осамен, туѓинец.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дали оти на крајот на осумдесетите веќе почнаа да се мешаат работите во бившата наша татковина или едноставно таква беше процедурата, кој ќе знае?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Човек е во еден вид егзил кој е посебно мачен, зашто е лишен од спомените на изгубената татковина или од надежта дека ќе ја открие вистинската татковина, историската татковина, непостојната татковина, татковината на илузиите, на судирите, на делириумите, на заборавените владетели, на драмата на човековото несовршенство и на погрешната потрага по спасоносните излези...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпрвин, не за долго, ги поздравуваше луѓето и прозборуваше со нив по некој збор за татковината или за земјите што само тој ги познаваше, сеедно каде, на Полуостровот или зад неизмерливите мориња, потоа се закопча некако однатре, стиснатите усни со повлечени краеви надолу можеа да му се отнат само со магија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)