тајна (имн.) - во (предл.)

Нема никакви тајни во сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не можеше да утврди дали беа тоа солзи радосници поради неговото враќање во животот, кај сиџилите, или беа солзи поради нешто друго, нешто што го знаеше само таа, иако немало никогаш тајни во заедничкиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се подразбира дека потем ќе испратам и електронски одговор во татковината - да не би да папсам во туѓина од толку многу тајни во музиката на ѕвездите од татковината.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Таа повремено шеретски ќе го наведнеше главчето кон него и шепотеше слатки 70 okno.mk тајни во неговото непроменливо уво.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нашето лачење на информации е такво што ги загадува и горните слоеви на менталната атмосфера со своите нераспадливи отпадоци, уништувајќи го малку по малку видот на Белов (Bellow) ремен којшто нѐ заштитува (слично на целосното распрснување на тајната во вештачката интелегенција. (238) Се вели дека глупавоста е навреда, но мислам дека објаснението е поголема навреда.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа овозможуваше да си ги кажуваат големите тајни во нивните животи, што никогаш не го чинеа кон некој трет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Тука е скриен здивот на претците – ковчестиот показалец на ориенталецот кружи по пукнатинките – Ја врежале тајната во каменов и исчезнале.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Централата прераснуваше во балканска оракула која ги кажуваше, одредуваше новите жртви, располагајќи со нивните души, ги распоредуваше нивните судбини, располагаше со нивните души трагајќи по нивните тајни во грозоморните истраги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со молчење и повлеченост ја хранеше својата тајна, ова беше клима што беше поволна за да расте тајната во него како буен плевел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На крајот, сакам да им се извинам на театарџиите и да им кажам дека ова со Чак Норис е само голема чудесија што треба да открие мали тајни во нашиот театарски живот и ништо повеќе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На шестото новороденче во таа година црните подбивачи сакаа да му дадат име Сирак, но попот го запиша во црковната книга како Никита Марко Проказник, на задоволството на Јага Перуника, им се тргаше од пат на разубавените селанки и со стара ракија во бокалче пред себе му раскажуваше на најстариот, на Богдан Јанков со козји уши и со господови тајни во себе, за природата, за Чарли Краков, за гасениците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Многумина одеа, враќањата беа ретки, а тој, братот на девојките, Геле Накотник, се уште со војнички чекор и со кренато десно рамо од довчерашниот товар составен од кундак, цевка и други делови, отиде кај Јага Перуника најпрвин да му побара сметка на вдовецот за тајните во плевните и на ридиштата на кои навистина шумата се проретчуваше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе дојдат и ќе ја испитуваат тајната во моите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беше свет на тајни во кој влегувањето беше дозволено само во исклучителни случаи, кога некоја необичност ќе му ги разбрануваше мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зар не беше тоа предупредување за многуте тајни во врска со човекот кому му бев целосно посветена, вклучително и за оваа најубиствената, што сега се откри, а кое јас никогаш докрај не го доведов до мојата свест.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ХЕРЦОГ: Ме натеравте да издадам една мала тајна во овој момент, господине Клаус.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога многу, многу години, по татковото исчезнување, трагав по неговите наследени книги, со различни писма, ја барав неговата цариградска диплома, најдов повеќе потврди за нејзиното постоење, но самата диплома не ја открив никогаш, како и сите тајни во самата наследена таткова тишина, можеби задржана меѓу две непознати книги во неговата библиотека.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На синот- наратор, кој ја наследи татковата библиотека, враќајќи се од своите дипломатски мисии, како амбасадор на двете држави кои во голем дел го обележаа животот на бегалското семејство - Југославија и Македонија, кои го ширеа кругот на семејниот егзил, продолжи да трага по преостанатите тајни во татковата библиотека, кои не можеше да ги провери во животот, посебно обземен од наследената таткова опсесија да трага по тајните на владеењето, за кои балканската историја нудеше безброј искуства.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше многу, многу тајни во татковите книги за ко­зите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Има многу тајни во животот и мислите на Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Езерото, пак ми се виде како голема солза, како солза без граници, со многу разлеани и задржани митски тајни во своето постоење.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ние, децата, убаво ги паметевме сите нејзини италијански поговорки, сите италијански оперски арии кои ги потпевнуваше кришум од Татко, сите тајни во месењето на тестото, според италијанските кулинарски рецепти, сите тајни од каталогот на италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И затоа веруваше, на свој начин, во спасот кој можеше да го донесат само тајните во книгите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си немаа тајни во нивниот полувековен заеднички живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)