твој (имн.) - око (имн.)

Еден, па уште еден поглед од врелите извори на твоите очи. Плус, нежно намигнување.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Твоите очи ме чуваат мене од самата себе.. Од заборав...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Споулавен цртеж Сѐ се канам, сѐ се канам, кон твоето око свртен, да ти кажам што сѐ стана на некаков детски цртеж...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Косата на тилот ми ја имаше цврсто зграпчено и ми ја влечеше главата наназад.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Што остана од твоите очи?” ме праша.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас сум жена и јас сакам да ја почувствувам тврдоста, твојата машкост која ќе се вовлече во мене без молба и извинување, го сакам дивото во тебе, сакам да си соголен до ѕверското што го носиш во себе, а јас тоа го гледам, го меркам по светлоста што бликнува од длабочината на твоите очи, лиоту мој.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Издувните гасови на правосмукалките, автомобилите, авионите и фабриките напросто те шашардисуваат - твоето око ги прифаќа, но твојот нос прима погрешни сигнали.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Успеав да те убедам дека моето лудило е твое и ја променив бојата на твоите очи.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ако бидеш јануари Ако бидеш јануари, јас ќе бидам снегулка и ќе спијам на твоето рамо, додека не се стопам од убавината што ќе ти го стопли срцето, ќе се претворам во капка и ќе го насолзам твоето око, ќе се лизнам низ твоите подочници темни и ќе исчезнам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Впрочем и твоето лице утринава не сакаше да се одѕве на мојот повик, одби да се појави во моето сеќавање, а твоите очи не ме погледнаа, дури не ми се ни насмевнаа, па јас не извлекував поради тоа несоответни заклучоци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека сите овие бунила се случуваа уште додека седев во креветот и со врвоите на палците ги барав по земјениот под ремените на наламите за да ги навлечам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти сонуваш, дете и кога си будно, пред твоите очи сѐ е светло, чудно.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Може да се насети под прстите И кревката снага на песната И воздухот што се крши при допирот со лисјата И бојата на твоите очи со судба на кратка пролет.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Никогаш ништо не изумувај. Не бриши ги сенките под стреите на твоите очи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Твоето око во најкратка насока гледа. Врзи го, затоа за изворот на светлината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас сум твојот ангел чувар Заминав од твоите очи, но не и од твоето срце и глава...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Се преселив во зениците на твоите очи во урнатините на омразата рти формулата на нови откритија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Цела галаксија е нем сведок Ми ја отвори вратата на твоите очи Нечујно влегов, но ме затвори во замокот На твоето широко срце...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Парацелзус се замисли. Најпосле изусти: – Кога би го сторил она што го бараш, ти би рекол дека се работи за чисто привидение предизвикано од магија фрлена врз твоите очи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што си сторил за да заслужиш таков дар?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)