тежина (имн.) - од (предл.)

Најпосле му е на дофат таа слика што толку ја бара и што му ја постави неговата љубов како опиплива цел, за да не се повтори уште еднаш она чувство на глува тежина од летоска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мислиш некоја тежина од ноќта изнесува, растовара. Така бучи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас мижам и ја трпам тежината од тие што паднале врз мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пелагија дури откако му ја откри намерата на Димостена, а цврсто беше убедена во тоа, ја набрка и тежината од своето срце.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Стариот по ова се смири, му падна некоја голема тежина од душата, и тој ноќта спиеше лесно како ретко порано.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ема беше потпрена на бирото со двете раце; речиси целата тежина од горниот дел на телото ѝ паѓаше на дланките.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)