тело (имн.) - бев (гл.)

Младото тело беше припиено до неговото, масата од темна коса му го допираше лицето и - да ! таа навистина го крена лицето и тој ја бакнуваше големата црвена уста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Освен рацете и еден круг од лицето, неговото тело беше сето посивено од стара, впиена нечистотија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејзиното тело беше бело и мазно, но, не предизвика желба во него, всушност одвај го погледна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ремените што му го стегаа телото беа малку разлабавени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговото тело беше здраво и силно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Под униформата, неговото тело беше обвиткано со нечисти жолтеникави крпи, одвај распознатливи како остатоци од некогашните долни алишта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговото тело беше исправено и како пораснато.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одамна не беше пушела, секое вдишување за нејзиното тело беше вистински опиум.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзиното тело беше осудено на невидено мачење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но телото беше конечно истрошено, само духот го доодржуваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Целото нејзино тело беше возбудено од блискоста на треперливото движење и од светликавоста на птицата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Под пријатната тежина на покривките нејзиното тело беше благодарно топло, заштитено од навестувањето на студената белина, како бисер во школка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не сакаше да стане, сѐ уште не можеше да се оддели од заштитничката прегратка на постелата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„До последен здив“ од Годар, Deep Blue, Убавицата на денот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Некои го нарекуваат Виолина, но за музичарот тој дел од неговото тело беше Трагачот, секогаш подготвен да замине во некои далечни звуци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Затоа телото беше бесчувствително за тешките удари.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Лежеше; неговиот сандак беше празен и неговото тело беше скапнато, а тој беше притивнат и уплашен од тоа, со оние скржави и полугладни оброци за сите денови, што требаше допрва да дојдат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еден миг подоцна, телото беше цврсто сошиено, засеците беа покриени со восок, излекувани околу вратот и грлото и по черепот — совршено, свежо и ново.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)