тело (имн.) - мине (гл.)

Сега сето нејзино тело мина низ занесен трепет и таа импулсивно ја крена главата кон него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неосетно, и моето тело минува во друго, во предмет на сликата во масло „Македонецот во посета на домот на Фиона“ или нешто слично.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во нивните отворени усти се напикани стебленца, лисја и цветови, размачкани со булкин сок како крв.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)