тело (имн.) - им (зам.)

Тие нагло паѓаат, влажните тела им се споени, страсно тресејќи се од страв, од радост силината на ударот е Јас, Мартин, јавно го обзнанувам против сите судбини неуништливото семе Мартин не го зема лифтот без лифтбој до четиринаесеттиот кат, како што тоа обично го прави, бидејќи, размислувајќи за тоа поради некое чудно претчувство, решава пеш да ги искачи сите тие четрнаесет низи скали.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На припекот полека но сѐ повеќе цокулите отежнуваа, телата им се потеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Животно!“ извикав бесно, „сакаш ли да те удрам со камшикот?“, но веднаш се сетив дека е туѓинец, дека не знам од каде е, и дека доброволно ми помага, кога сите други ме оставија на цедило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Штом легнаа во сламата, по телата им проструи пријатност и како да почуствуваа задоволство.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нивните лица изразуваат длабока потресеност, телата им се тресат од искрениот плач.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако угодноста на телото им се нарушени, тие се очајни.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но веднаш потоа застанаа исправено, долгоноги, додека од телото им избиваше густа пареа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)