тело (имн.) - некогаш (прил.)

Го поземам гласот на девојчето: И животот и љубовта - одвај едно зајдисонце... Atopia Се допираш себеси и рамнодушно му се предаваш на сеќавањето: па во ова тело некогаш имаше човек - копнееше, веруваше, пееше...?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Нејзиното тело некогаш е полно, некогаш тенко како срп, со неа управува таа енергетска аура на која има влијание нивната историја, нивната промена и сите појави создадени од движењето на таа суштина – зборуваше старецот. – И човекот има своја богата историја.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Гробарот ја поттикнуваше родилката да бутка - „Ајде мајко, уште малку, главчето само што не излегло!“, со насмевка, иако благо стискајќи ја устата кога ќе се сетеше на дупката во која тоа сега мало и нејако тело некогаш ќе заврши, во рацете пречека здраво, машко дете, 51 сантим во должина и речиси 5 килограми тежина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)