тело (имн.) - толку (прил.)

Во еден момент силата во телото толку ми опадна, што не се поместував и не бев сигурна дали воопшто дишев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
По улица, кучето одеше толку разиграно и лесно како да е бестелесно, трчајќи де пред него де зад него, така што господинот Гроздановски се чувствуваше подмладен во ситуација кога убавина го облетува и истовремено го милува по целото негово старечко тело толку желно и за најмала топлина со каква што зрачи нежноста.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)