тема (имн.) - бев (гл.)

Разглобените теми беа секогаш далеку од професијата машински инженер, која најмалку ја истакнуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А темата беше – каков пат избираме за себе и дали навистина во својот живот стигнуваме некаде подалеку од онаа точка од која сме тргнале.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нивната тема беше „Нехендикепирана куќа“, т.е. „Децентриран Дом“, како што темата ја сфати гостинот на Летната школа и уредникот на Маргина, П.Вулкански, чијшто кус текст го пренесуваме, очекувајќи во следната Маргина да објавиме уште некој текст на тема „Нехендикепирана куќа“ (или Дом, како што сакате).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Недела Ноември Се сеќавам темите беа вечни, времето немерливо, непомирливо со сè, суеттата бестелесна и незаборавно убава, потребата бесконечна, а бесконечноста прекинуваше таму каде што луѓето не зачекориле.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)