тема (имн.) - и (сврз.)

Нив, пред сѐ, ги интересира дали дрогите можат да ги поттикнат креативните потенцијали и да го збогатат творештвото со нови теми и содржини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сепак, текстовите што се пред вас, донекаде го предочуваат подрачјето од теми и проблеми објавени во минатогодишните броеви на Хипатија, специјализиран журнал за феминистичка философија кој можеби на најдостоен начин го пројавува стремежот на жените за полноправно учество во она што преостана од некогашната „кралица на знаењето“ и „умоводителка“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Морав да направам нешто со него.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бидејќи бев преоптоварен со теми и книги од областа на фантастиката, решив бидето да биде тајм-машина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гордана Трајкова Рада Петрушева, јас ќе станам твој фан, ми се допаѓаат твоите теми и стилот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со оглед на тоа што од било каква тема не може да се направи толку комплексна хармонија, Бах избрал една тема и ја извел веднаш, на големо изненадување на присутните, и тоа со истата величествена умешност како во случајот со кралската тема.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Што ако карактеристичните теми и искуства на геј-културата можеме да ги изведеме од општествените услови во кои таа култура извира и се репродуцира?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но тие и така мадро си седеа да не носат модро: знаеја дека прават хумор во бесконфликтно општество, беа свесни дека можат да ја критикуваат само соборената класа и дека нема ништо смешно во новата работничка што се регрутираше од селската сиромаштија, им беше укажано на недопирливите теми и имиња - сето тоа тие го имаа во малиот џеб, па сепак од некаде вадеа хумор, од ѓон цедеа лој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како и да е, тој со своите две збирки раскази, „Ѓон“ и „Скок со стап“ значително отскокна меѓу жабите во мочуриштето, иако неговата иднина како врвен прозаист, си дозволувам да кажам, изгледа прилично несигурно бидејќи во неговите раскази се чувствува одреден недостаток од теми и одредена тежина при создавањето - што е, ако ништо повеќе, лек против неподносливата леснотија на пишување на скрибоманите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)