тематика (имн.) - или (сврз.)

Иако Зонтаг навистина повикувала на опис и на анализа на формата, таа претпочитала да го обрати тој критички протокол и да ја нагласи потребата „подробно да се испитува формалната функција на предметното прашање“388 Но нејзината приврзаност кон формата и кон стилот требало да ја натера да ја види нужноста на еден поинаков потфат, на една херменевтика на стилот – херменевтика на „површините“ што не би била сомничава, туку описна – и да ја согледа можната важност на едно испитување на содржината на формата што би ја нагласило тематиката, односно настраната противтематика, на самиот стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо херменевтика на толкувањето, наместо на потрага која ќе открие што длабоко и вистински значи едно уметничко дело, таа нѐ поттикнувала да се зафатиме со една еротика на уметноста, со осознавање на површините, со опис на естетските вредности, на стилот и на неговите ефекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, пренебрегнала, или отфрлила, нешто што не е идентично ниту со содржината ниту со стилот, нешто што не е ниту длабоко значење ниту површна убавина – а затоа не е ни мажествено ни женствено – имено, стилот како своја сопствена тематика или противтематика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа ја заговарала „чистата, непреводлива, сетилна непосредност“ на уметноста и на нашето искуство.387 Создавајќи таква реска спротивност меѓу херменевтиката на длабочините и еротиката на површините, меѓутоа, Зонтаг не видела што е тоа во површините што им ја прави толку привлечна сетилната непосредност: нивното овоплотено значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)