темјан (имн.) - и (сврз.)

Низ вратата и прозорците од црквата избуваше чад од свеќите и темјанот и миризбата се ширеше низ целиот манастир како да слегуваше од небото, од бога.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако умрам и го оставам цвеќето, си велев, Господ ќе ме укори, ќе ме прекори, ќе ме пизмат и темјанот и ангелите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мирис на восок на фитил и штотуку испечен леб - бела погача; мирис на темјан и јаново цвеќе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)