тенденција (имн.) - да (сврз.)

Зашто луѓето немаат слобода во изборот дали ќе ги гледаат билбордите или не.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сметаме дека токму неговото творечко испреплетување на разни медии е она што Ле Гак го прави интересен и, во крајна линија, го квалификува да влезе во ова хибридно и „копиљско“ списание кое има тенденција да ја руши „светоста“ на медиските канони.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
2. Во серијата репресивни мерки, кои имаат тенденција да го обесхрабрат штрајкувањето, се и следниве: 55 а) наместо одредбата која предвидуваше дека штрајкувачкиот одбор е должен штрајкот да го најави најдоцна пет дена пред денот определен за негов почеток (чл. 3, ЗШ/91), сега се воведе една одолговлекувачка обврска која предвидува дека штрајкот не смее да започне пред завршување на постапката за помирување, согласно со овој закон и „акт на министерот надлежен за работите од областа на трудот“ (чл. 236, ЗРО/05); 38 б) работодавачот, односно здружението на работодавачите, може да бара од надлежниот суд овој да забрани организирање и спроведување на штрајк спротивно од одредбите на Законот, како и да бара надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон (чл. 242, ЗРО/05); в) воведени се посебни правила за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк:
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Билбордите не се пасивни елементи во урбаниот пејзаж; тие активно го мамат окото и имаат тенденција да доминираат со визуелното поле.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Иако во раните години на деветнаесеттиот век оваа дејност беше ценета и се сметаше за сериозен и корисен метод во процесот на истражување и обликување на стилот на писателот, многу повеќе отколку што тоа било пракса во изминатите векови, постоеше уште една струја со тенденција да направи пресврт во статусот на преведувачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)