тенџере (имн.) - со (предл.)

Шишман внимателно го остави капакот на масата, го фати огромното тенџере со двете раце, го подзаклацка и виде дека течноста се измати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Смрдла, смрдла!“ ѝ имаше речено тој неколкупати.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По средината на полјанката, најубавото и најчистото место, беа распослани бели, ленени чаршафи, а врз нив веќе беа наредени тепсии со баници и зелници, тенџериња со чорба и грав, пиперки, чинии со сирење, со зелје.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ладилникот отворен, кучката на сред соба го дојадува најденото: тенџерето со месо за дневниот ручек, половина тепсија пченкарник и сѐ што пронашла во ладилникот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој сега разбра само толку дека и едно обично тенџере со капак, кога во него врие вода, може да се преправа како мечка и да плаши деца. Ама чудно тенџере!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ќе ми изгори кромидот, - промрмори и почна да го тресе тенџерето со двете раце. - Од кај знаеш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)