теорија (имн.) - кој (зам.)

Сепак, тие се две апстрахирачки теории кои не можат една без друга.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И така, на еден природно мистичен народ, каков што е рускиот, ќе се накалеми мистицизмот врз филозофијата, односно теоријата која ќе се повикува на материјализмот, и која на крајот на краиштата, произлегува директно од позитивизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неговото искуство го прави Шајлок човек. [...] Уште еднаш повторуваме дека теорија која го разгледува умот како нешто бестелесно ја фалсификува природата на нашиот когнитивен живот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Веќе споменатиот нобеловец би рекол дека за да ја донесеме одлуката на кој од овие три побарувачи би требало да му припадне театарот, ни треба теорија која ќе не оспособи да заклучиме дали со некое наше дејствие сме поблиску до правдата или сме подалеку од неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Многу штета е направена од теориите кои нудат многу комплексни, психолошки засновани анализи, со термини речиси сосема неразбирливи за просечен човек.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)