теорија (имн.) - според (предл.)

Ова е прилично спекулативна теорија според која во самата природа на конфликтите меѓу цивилизациите е содржана нивната неразрешливост.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ваквото сфаќање на духот и телото придонесува да се изгради теорија според која човекот е „двојно“ суштество, односно суштество кое се состои од „материја“ и „душа“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Разработувајќи ги овие идеи Кауфман и неговите соработници предложиле теорија според која организмите го менуваат интензитетот на меѓусебното заемодејство во насока на постигнување на границата меѓу редот и нередот со што ја максимираат својата просечна прилагоденост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Теоријата според која рокенролот го сруши комунизмот, и покрај многубројните недостатоци е многу симпатична и има голема вистинитост; таа се одрази во мојот прв Хитлер (200x200 см. поликолор на пакпапир, Margina #26-28 [1995] | okno.mk 25 новинска хартија и масло) на чија позадина пишуваше “Crazy for Love”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Крајната консеквенца на Картезијанството е метафората за духот како „внатрешен театар“ во кој се „одигруваат“ менталните настани, односно „дух во машина“, при што „машина“ е телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)