тип (имн.) - текст (имн.)

Инаку, околу Енцесбергер се расправавме; господинот Бузони рече дека тој тип на јазик личи на лелекањата што допираат од нашите културни импотенти навикнати на државни привилегии и дека Маргина не е место за таков тип текстови; господинот Вулкански (во нашата Бетмен-редакција што се наоѓа под дното на реката Вардар, во присуство на неговото верно куче Пингвин и уште пар сведоци по огледалата) одговори цитирајќи го Ханс Магнус: „Пара не прави уметник”, не го разбираш Енцо, тој е бескомпромисен пред сѐ кон себе и тој никогаш нема да падне на нивото на македонскиот културен работник, да пита плата”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)