тишина (имн.) - ја (зам.)

Со ништо најавената тишина ја доживувам како нејасна закана.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Знаеш Радо, - тишината ја прекина Снежана, - со Саво уште додека живеевме во Нови Сад посвоивме мало ангелче.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тишината ја наруши строгиот глас на вториот член на комисијата, – А сега да ве запознаеме со пописот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Откако дојденецот ја затвори вратата, царството на тишината ја посла својата черга.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во една таква квечерина неочекувано вообичаената тишина ја наруши звукот од ударот на металното раче на капијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тишината ја прекина Рада. - Тето кажи ми! Кажи ми само дали е живо?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ноќната тишина ја сечеше острото и нерамномерно дишење на заспаните деца, а, одвреме-навреме, се слушаше мекањето на козите од блиските соседи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сонцето не затече вгледани еден во друг. И одеднаш тишината ја развеа лаеж.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)