тоалет (имн.) - во (предл.)

А во 1863 година, Томас Крапоер, неколку години откако Дарвин му ги соопштил на светот своите теории за потеклото на видовите и за природната селекција, ја патентирал шољата за тоалет со казанче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можев - требаше - да носам фустани; се одрекнав од нив, се одрекнав од тоалетот во кој ќе бев поубава од умрената.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
ВЦ-то ширеше пријатна миризба на кокос и невообичаено за јавните тоалети во земјата, беше џам чисто.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Некои од оние кои имале куќи, имале тоалети во дворовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)