точка (имн.) - во (предл.)

Каде се тие точки во денешното општество во коишто соучесништвото не се чита како такво, каде што одлуките не се гледаат исклучиво како политички или аполитички, туку како избор?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Каде се тие точки во коишто утопиското чувство на технолошки напредок до нас доаѓа непреслушано?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во тренд се новите медиуми, новите технологии, новите и побрзи методи на пренос на информации, демократизација на технолошкиот раскош, диверсификација на пристапите кон дигиталните мрежи, стандардизација на форматот на податоците, умножување на умрежените односи - во тренд е тие предности да го помагаат спроведувањето на новата ера обележана со поголема приватна слобода, зголемена интерперсонална комуникација, ублажен товар да се репрезентира, нови перспективи за проблемот на телото, како и поголем избор за потрошувачкото општество, можности за слободно изразување без исклучоци, а над сè, тие ни овозможуваат брзина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сегашноста е точката во која се прекршува светлината на минатото и иднината!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако некој не знае што бара правилото, тогаш, не го сфатил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едноставниот, но моќен увид дека сфаќањето се состои во знаењето на она што се бара - и, според тоа, е когнитивна состојба - е белег на експланаторната супериорност на ова објаснување над голиот поим дека фактите за согласноста со практиките на заедницата се точката во која му се става крај на објаснувањето на следењето на правилата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Па сепак, се чини дека фасцинацијата со средиштето најпогубни последици има во подрачјето на општествената рефлексија - во сферата на идеите што општеството ги произведува за себеси, во точката во која се одвива трескавичниот обид за разбирање на политичките, општествени и културни процеси што доминираат со нашите животи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој момент можеме слободно да го одбележиме како врвна точка во развојот на пријателството меѓу стариот и Пискулиева, зашто сѐ што последува, едноподруго, само го забрзуваше нивниот раскид.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако ние треба да ги уништиме нив, тие мора да не уништат нас за да го спречат сопственото уништување, и ние мора да ги уништиме нив пред тие да не уништат нас пред ние да ги уништиме нив пред тие да не уништат нас... што всушност ја претставува точката во која сме ние во моментот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа е таа наша нулта точка во која се затворени сите спротивности и сили.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во секој случај, тој би сакал тие двајцата да разгледаат дека во физиката и литературата за секоја од овие минливи точки во простор-времето алтернативните линии на светови не само што се замисливи туку очевидно и сосема можни - некои се, се разбира, логички повеќе следствени од други.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нема точки во нивната љубовна приказна; само точки-запирки, точки на окончување... а помеѓу било кои две од нив има доволно простор-време; уште простор, уште време... „Не.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Дали е вистина дека сте изведувале циркуска точка во циркусот, пред некој ден, без да побарате одобрение од училиштето?“ праша Луција. „Да“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но знам дека ме прашаа: дали навистина, во една прилика, кога сум изведувал некоја циркуска точка во гимнастичката сала, сум рекол: „Нека ми се качи на скалите така, ако може, твојот здрав народен дух“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се веруваше дека третото среде од трите средиња го означува центарот на светот, односно центарот на вселената, и се говореше дека токму во таа одаја паѓа идеалното среде на целата вселена, точката во која се сечат сите светови Божји.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Човековото општество достигна точка на пресврт со делувањето на дигиталните програми на еволуција, точка во која следните еволутивни чекори на видовите ни стануваат очигледни, можеме да сурфираме по желба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во блиска иднина, методите на информатичката технологија, молекуларниот инженеринг, биотехнологијата, нанотехнологијата и квантното дигитално програмирање, можат да овозможат создавање на материја, целосно детерминирана од индивидуалниот ќеиф, стил и сезонската мода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мојата мајка Амалија Натансон уште била во годините на невините мечтаења кога нејзините родители, без да ја прашаат, го договориле нејзиниот брак со трговецот со волна Јакоб Фројд, кој веќе бил вдовец и тукушто станал дедо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби и јас бев болката на нејзиниот живот, или бев онаа точка во која се среќаваа и разделуваа сите нејзини болки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите тие нешта се среќаваа во мене, во моите болувања, во нејзиниот страв за мојот живот, затоа и ме мразеше толку, говорејќи со глас со каков се изрекува смртна пресуда, “Ќе беше подобро да не те родев,” затоа и ме сакаше толку, ме сакаше до заборав на сопствената несреќност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си ја бараше и онаа црна точка во која се таложеа составките на боите, кои водени од необјаснива сила и по таен пат, се разлеваа по платното, пресоздавајќи го светот во нов свет и животот во нов живот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Покрај Серловите критички забелешки за дуализмот на својства, интро­спекционизмот, некоригибилноста и другите гледни точки во философијата на умот, главното настојување во овие централни поглавја не е критичко.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
II. Веѓите му се набраа во онаа точка во која му се спојуваа, на средина, токму над свиениот нос, кога пак помисли на мирисот на морето во Тарс.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стариот го чуваше и се подгордеваше, им раскажуваше на пријателите за виорливите денови од војната, најзанимливата и врвна точка во животот негов.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сардисан од овие неведри мисли одненадеж реши да ја посети својата Срцка, единствената светла точка во ова тмурно време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Колективизмот е точката во која се судираат прогресивната филозофија, социјалната теорија и милитаризмот на современите држави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кажи ни нешто за најновово искуство, за твојот неодамнешен престој во Њујорк, можеби за односот меѓу филмот, сликарството и стрипот, коишто се - т.е. токму нивните соодноси и динамика - можеби некакви клучни точки во твојот („уметнички”) светоглед?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа треба да ти биде појдовна точка во натамошното размислување.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што ќе превладее е таа волја за редуцирање на светот до точка во која Еден може да го има.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мандала е основниот визуелен израз на мозокот, што е едноставно рефлексија на она што мозокот го „гледа“: зеница, полно дигитални оптички точки, стапчиња и чепчиња, со слепа точка во средината.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Стави точка. Последната точка во ракописот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие среќни, бели суштества, подвижни точки во синиот бескрај, ја прелетале границата водени од инстинктивната надеж дека постои излез и од најзатворените простори на луѓето, од нивните погрешни мисли.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На вселената, на човекот, Точка во човекот, во битието, Точка на секот и пресекот, Точка - зрно на зачетието, Колепка со божје ухание, Небесно, свето здание, Могила и ридание, Точка - крик и восклик, очудување, Вознес и восхитување, Точка - најкусо божје послание.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Точка-збор кој зрачи Со безброј лачи: Точка - крај, точка бескрај Точка - почеток, зачеток На вселената, на човекот, Точка во човекот, во битието, Точка на секот и пресекот, Точка - зрно на зачетието.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
- Можеби имаш право - се согласи со мене Господ Саздов кога му ги изнесов моите гледања во врска со приказната за овој случај.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ременот е најдобрата алатка за разрешувањето на таквите случаи - реков - но за точката во циркузот скалпелот бил многу поатрактивен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таквите промени прво се случуваат во уметностите кои, како и растенијата, се сврзани за одредени точки во просторот: архитектурата, сликарството и okno.mk | Margina #10 [1995] 49 скулптурата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Звучните извори се наоѓат во мноштвото точки во просторот во однос на публиката, така што искуството на секој слушател е негово сопствено искуство.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во услови на зголемена загаденост да избегнуваме престој и движење надвор, особено на оние места коишто се означени како црни точки во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Ученичка сум во ОУ „Кирил и Методиј“ што се наоѓа во близина на една од црните точки во градот, раскрсницата кај Народна и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“. Молам да објасните што значи три степени на вонредни мерки?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)