трага (имн.) - остава (гл.)

Денеска на сите едно премреже ни прејде преку глава, вели Лазор трудејќи се точно да згазува во стапалките Максимови но зашто е многу покрупен од него па и многу, многу покрупни траги остава во снегот од неговите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зад мене во соништата остануваше провидно сребро.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Болни и мачни траги остава борбата што постојано се води во човекот меѓу чувствата и разумот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Знаеше дека такви траги оставал и по ѕидовите додека се качувал и не се возбудуваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таква трага оставаат на гола земја пролетни полжави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)