традиција (имн.) - постојано (прил.)

Од тој период датираат и делата Аморес (1943) за препариран клавир и група том- томови, Корен, Медитација и Опасна ноќ, сите за препариран клавир, и Таа спие, за глас, препариран клавир и 12 том-томови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во исто време започнува и Кејџовото сѐ поголемо интересирање за источната филозофија во која на почетокот го привлекуваа “еротиката и мирот, двете во индиската традиција постојано присутни чувства”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поместувањето на важноста на звучниот резултат кон чинот на изведувањето на делото каде звукот го поприма статусот на последиците од тој чин, укажува на еден важен аспект на Кејџовото музичко мислење кое подоцна, посебно во неговата експериментална фаза која ја отвори “Тивкото дело 4’ 33’’”, ќе стане трајно обележје на неговото творештво.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)